Астраион го декласираше Текстилец на домашен терен

Ракометарите на штипски Текстилец беа убедливо декласирани во Струмица каде загубија од Астарион со 41:33 во меч од 11. коло од плеј-аутот на Првата ракометна лига.

Васе Наков со 10 гола беше најдобар кај струмичани, а девет имаше Кире Георгиев, додека пак кај штипјани најдобри со по седум гола беа Дарио Јорданов и Филип Џинес.

Во однос на табелата Овче Поле со 23 бодови е на првото место, Партизан е втор со 20 бодови, на третото место е Астраион со 19 бодови, Текстилец сега е на 4. место со 18 бодови, Кичево е петти со 16 бодови, Преспа Вардар е претпоследна со 13 бодови, а на дното без бодови е Борец од Велес.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.