
Струмичка Беласица одигра 2:2 против Скопје во рамки на претпоследното 29. коло од Втората македонска фудбалска лига и на своето конто додаде нов бод.
Струмичани до овој бод стигна дури ви 97. минута од мечот одигра на „Железарница“ во Автокоманда.
Димче Јовов погоди за 0:1 во 5. минута од мечот, а Димитри Кочоски во 23. минута израмни на 1:1. Во вториот дел капитенот Иво Јанакиевски во 76. минута постигна гол за комплетен пресврт на 2:1. Во финишот од мечот токму Јанакиевски поради два жолти картони беше исклучен од игра, а тоа го искористи максимално струмичката гордост откако штипјанецот Дино Михолов постигна гол во 97. минута за конечни 2:2.
Ова значи дека Беласица е на осмото место со 39 бодови на своето конто, а во последното 30. коло ќе игра против Арсими на домашен терен.
Александар Ванев, Струмица Сити