Брера Струмица и официјално го потврди директниот опстанок во Првата македонска фудбалска лига и во следната сезона ќе настапува во фудбалската елита на Македонија.
Струмичани на Чаир одиграа реми без погодоци (0:0) против Шкупи, со што Брера сега е на деветтото место со 39 бодови, а со евентуален триумф на домашен терен во последното коло против Македонија ЃП може да дојде до седмото место, но за тоа да се случи треба да се причека и на резултатите на Гостивар и Воска Спорт.
Борбата за директиот опстанок беше меѓу Брера Струмица и Вардар, но откако Брера одигра 0:0 на Чаир против Шкупи, а Вардар против Силекс во Кратово 1:1, значи дека Брера е директно опстаната во Првата лига, а Вардар ќе игра бараж за опстанок против радовишки Детонит Плачковица.
Александар Ванев, Струмица Сити