ФК Брера и ЖФК Тивериаја беа домаќини на околу 60 лица со попречености од повеќе Дневни центри и здруженија

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Фудбалскиот клуб Брера Струмица и Женскиот фудбалски клуб Тиверија денес беа домаќини на околу 60-тина лица со попречености од повеќе Дневни центри и здруженија од Македонија и преку игра и забава, се едуцираа, спортуваа и рекреираа во спортската сала „Парк“ во Струмица.

На тој начин од овој спортски настан се испрати порака дека не постојат различности и дека треба да се даде можност и простор, секој да го почуствува и покаже спортскиот дух.

Лицата можеа да играат фудбал, кошарка и специјално креирани игри за нив, а дел од професионалните спортски работници од ФК Брера Струмица и ЖФК Тиверија беа нивни ментори, поддршка но и едукатори. Сите тие преку лесни игри и дружење се едуцираа за убавините на фудбалот а се обидоа да играат и со топка докажувајки дека спортот нема граници.

„Ова е резултат на соработката што ФК Брера Струмица ја воспостави со Здружението на лицата со попречености ,,Нова искра, нова надеж“ од Радовиш кое годинава одбележува 10 години постоење. На денешниот спортски хепенинг присуствуваа лица од Дневните центри за поддршка на лица со попречености од Гевгелија, Демир Капија, Виница, лица од Заводот Бања Банско, како и лица Здруженијата Порака од Неготино и Мобилност од Струмица“, велат од ФК Брера Струмица.

Потврда дека спортот не познава граници.

Comments are closed.