Утре, Астраион на домашен терен против Текстилец

Утре во рамки на 11. коло од Првата ракометна лига екипата на Астраион на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица ќе се соочи со штипски Тесктилец.

Астраион е на 4. место со 16 бодови на своето конто, додека пак Текстилец е место погоре односно на третото место со 18 бодови.

Судиска двојка на натпреварот ќе биде Лела Јашар и Михаела Капсарева од Скопје, а делегат ќе биде Васил Чавдаров од Богданци.

Натпреварот ќе започне во 17 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.