Во недела ќе се комплетира последното 18. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, со што ќе заврши сезоната.
Тиверија во последното коло на домашен терен ќе игра против Ударник од Пирава, со што струмичките третолигаш сезоната ќе ја заврши на домашен терен.
Тиверија сезоната ќе ја заврши на високото 3. место на табелата, а во последното коло ќе игра против Ударник кој е седми со 15 бодови и може сезоната да ја заврши на шестото место, ако триумфира над Тиверија во Струмица.
Инаку, на овој натпревар според квалитетот, формата, домашниот терен и публиката, Тиверија ќе биде фаворит за нов триумф.
Натпреварот се игра во недела со почеток од 17 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити