Брера Струмица на тешко гостување кај Шкупи

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Во рамки на претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига екипата на Брера Струмица ќе гостува на Чаир против Шкупи.

За струмичани трите бодови се императив со цел на едно коло до крајот да го обезбедат директниот опстанок, бидејќи имаат само три бода повеќе од Вардар, кој во недела гостува кај Силекс во Кратово.

Во последното коло Брера на домашен терен ќе игра против Македонија ЃП, екипа која отпадна од Првата лига, па така струмичките фудбалери против „лавовите“ ќе ја гледаат шансата за победа и три бодови за директен опстанок, доколку во недела на Чаир не успеат да триумфираат.

Уште две кола до крајот од сезоната во Првата лига, а струмичани веќе во недела ќе атакуваат на нови три бодови.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.