Утре во рамки на претпоследното 29. коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беласица ќе гостува во Автокоманда каде на „Железарница“ ќе ги одмери силите со екипата на Скопје.
Ова ќе биде дуел на екс прволигашките каде трите бодови им се повеќе за престиж и евентуално прогресирање на табелата, без резултатско значење.
Натпреварот ќе стартува во 17 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити