Остануваат уште две кола до крајот од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, а во претходното коло екипата на Беласица на домашен терен одигра 0:0 против Вардар од Неготино и со тоа струмичката гордост ги подели бодови со гостинот од Неготино.
Беласица е на осмото место на табелата со 38 бодови на своето конто, а токму Вардар Неготино е пред струмичката гордост односно на седмото место со 39 бодови.
Во следното коло екипата на Беласица ќе гостува во Автокоманда, каде на „Железарница“ ќе се соочи со екипата на Скопје, која минатата година настапуваше во Првата лига.
Александар Ванев, Струмица Сити