Фудбалерките на Тиверија на домашен терен против Скопје

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 24. коло од Првата женска фудбалска лига, а екипата на Тиверија на домашен терен ќе игра дерби против екипата на Скопје.

Ова ќе биде соочување за меѓу Тиверија која е на 4. место со 42 бодови и Скопје кој е петти со 38 бодови. Натпреварот е без резултатско значење, се игра повеќе од аспект на престиж и сезоната да се заврши на повисок пласман. Тиверија со триумф може да се искачи место погоре на табелата и да се израмни со Ас Јунајтед од Струга, кој е на третото место со 45 бодови, а пак Скопје игра за три бодови и да се доближи на бод во однос на Тиверија.

Натпреварот е закажан за во сабота со почеток од 16 часот, а ќе се одигра на Општинското фудбалско игралиште во Струмица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.