Брера само до бод против Брегалница, сега мора до победа!

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Екипата на Брера Струмица ремизираше против Брегалница во Турново на „Кукуш“ во меч од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига откако двете екипи одиграа 1:1.

Гостинскиот тим од Штип прв дојде до водство со голот на Филиповиќ, а домашниот тим израмни преку Ивковиќ за конечни 1:1.

На две кола до крајот Брера ќе мора да триумфира на еден натпревар, со цел да не дојде во ситуација да игра бараж за опстанок. Трката ќе биде меѓу Брера Струмица и Вардар, кој да игра бараж, а кој директно да опстане.

Брера веќе во следното коло ќе гостува на Чаир кај Шкупи, на повеќе од тешко гостување, каде за Брера и бод ќе биде позитивен исход, а со триумф ќе стави печат на опстанокот. Во последното коло струмичани ќе ја пречекаат Македонија ЃП која веќе испадна во Втората лига.

„Лавовите“ е последна шанса за Брера во последното коло да го завери опстанокот односно да го избегне баражот, а каде од Втората лига бараж за влез во Прва лига ќе игра радовишки Детонит Плачковица.

Што се однесува пак до Вардар, веќе овој викенд гостува во Кратово кај Силекс на тешко и неизвесно гостување, а пак во последното коло Вардар дома ќе игра со Тиквеш.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.