Во рамки на вонредното 27. коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беласица гостуваше во Струга, каде против веќе отпишаниот Караорман запиша убедлива победа од 0:4.
Струмичани беа апсолутни фаворити во Струга, каде во првиот дел Беласица ги постигна сите четири гола за 0:4 на полувреме, а стрелци беа Никола Талески во 16. минута, потоа Петар Гугуљанов во 27. минута, а девет минути подоцна Костадин Капсаров стрелаше за 0:3. Во финишот од првиот дел капитенот Александар Милушев погоди за 0:4.
Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првиот дел стана конечен, а Беласица дома се врати со нови три бодови на своето конто.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Вардар од Неготино.
Александар Ванев, Струмица Сити