ВИДЕО: Уште еден голем успех на Академија Нови Таленти на Чин Чин Куп во Србија

Уште еден голем успех за младите фудбалери од Академија Нови Таленти од Струмица, откако на еден од најдобрите турнири на Балканот, „Чин-Чин Куп“ завршија во осумте најдобри со генерација 2013 и генерација 2014 од 100-тина екипи од цел Балкан.

На турнирот кој се одржа во Златибор, Србија, генерација 2013 во четвртфиналето загуби од Чајетина со минимални 0:1, но на овој натпревар Академија Нови Таленти прикажа одлична игра и одигра добар натпревар, но некогаш треба и фудбалска среќа.

Генерација 2014 загуби во пенал рулетот со 2:3 од Зрински, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1.

И покрај поразите на двете генерации во четвртфиналето, сепак Академија Нови Таленти заедно со тренерите Оливер Христов, Љупчо Трајковски и Антонио Динов прикажаа квалитетен, модерен и допадлив фудбал против нивните противници.

Академија Нови Таленти претходно беше на „Хирен Куп“ во Сандански, Бугарија, каде исто така забележа одлични резултати со две генерации.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.