Младинците на Брера Струмица загубија во полуфиналето од Купот на Македонија за младинци од Македонија ЃП.
Регуларниот дел заврши без победник со по еден гол во мрежата 1:1. На полувреме домашниот тим имаше предност од 1:0 со голот на Марио Костов. Во вториот дел Никола Величковски израмни на 1:1 по една неизградена акција од која неочекувано топката заврши во мрежата на Вргов.
Во пенал рулетот беше одбранет ударот на Давид Спасов, па со вкупни 4:5 Македонија ЃП патува во финалето каде ќе игра против Пелистер, кој ја доби Беласица со 3:0 во Битола.
Александар Ванев, Струмица Сити