Астраион со убедлива победа над Преспа Вардар

Ракометарите на Астраион на домашен терен во Спортската сала „Парк“ во Струмица со 40:36 запишаа победа над Преспа Вардар од Ресен, во меч од 7. коло од плеј-аутот на Првата ракометна лига.

Сосема очекувана беше победата за струмичките ракометари кои беа фаворити на овој меч за трите бодови. Уште од почеток Астраион направи сериозна разлика откако дојде до 8:2 за плус шест, а потоа разликата варираше од плус пет до плус девет кога на полувреме беше 23:14.

Во вториот дел гостинот од Ресен заигра малку подобро, но тоа беше доволно само за ублажување на големиот пораз во Струмица за конечни 40:36.

Најдобар кај Астраион беше Јордан Рингов со осум погодоци, а Гоце Аргиров беше втор со седум реализации. Кај гостинот најдобар со 11 погодоци беше Мартин Мазниковски, а пак Раде Ќосевски постигна осум гола.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.