Убедлива победа за Тиверија над Речица, Шопот со хет-трик!

Фудбалерките на Тиверија сосема очекувано забележаа убедлива победа над последнопласираната Речица на гостински терен со резултат од 1:6, во рамки на 20. коло од Првата женска фудбалска лига.

Теодора Шопов постигна хет-трик, двоен стрелец беше Јована Павловска, а еден гол постигна Теона Галабовска.

За домашната екипа единствен стрелец беше Емили Митковска која стралеше во 86. минута.

Тиверија е трета со 41 бод на своето конто, а во следното коло Тиверија на домашен терен ќе игра против Топ Гол од Битола, во меч каде струмичанки ќе бидат апсолутни фаворити за трите бодови.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.