
Фудбалерките на Тиверија денес во рамки на 20. коло од Првата женска фудбалска лига ќе гостуваат кај последнопласираната Речица, во меч каде струмичанки ќе ја имаат улогата на фаворити за трите бодови.
Ова е меч од капитална важност пред се за домашниот тим, кој е на дното од табелата со 10 бодови, и кој се мачи да го избегнет последното место со цел да не испадне во Втората лига, па тоа би значело доколку Речица ја совлада Тиверија, тогаш „фенерџијата“ ќе се пробие до две места на табелата, односно во зоната за директен опстанок во Прва лига.
Тиверија е на 4. место на табелата, без шанси за првото место и титулата, па до крајот струмичанки ќе играат за третото место, каде што е Ас Јунатјед од Струга со бод повеќе од Тиверија, односно струмичката екипа има 38 бодови, а струшката 39 бодови.
Главен судија на мечот ќе биде Боби Величков од Велес, а мечот ќе стартува во 17 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити