Денес во рамки на 24. коло од Втората македонска фудбалска лига екипата на Беласица на домашен терен ќе се соочи со Каменица Саса.
Ова ќе биде дуел на Беласица која е осма на табелата со 30 бодови и претпоследнопласираната Каменица Саса која има 17 освоени бодови.
Дуел во кој „рударите“ од Македонска Каменица силно ги посакуваат трите бодови од струмичката гордост, а пак Беласица со триумф ќе се зацврсти на осмото место, но притоа ќе биде во позиција да го напаѓа и шестото место.
Главен судија на натпреварот во Струмица ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп, а натпреварот ќе започне во 15 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Александар Ванев, Струмица Сити