На теренот во населба Раклиш, во Радовиш, кадетките на струмичка Тиверија ремизираа играјќи 1:1 против Плачковица, во меч од 18. коло од Кадетската женска фудбалска лига.
Домашниот тим во првиот дел од мечот дојде до водство со голот на Јасмина Манева во 33. минута, а пак Марија Чакалова во 37. минута израмни на конечните 1:1.
Во однос на табелата Тиверија е на 10. место со 15 бодови, а пак Плачковица е на седмото место со 21 бод на своето конто.
Во следното коло Тиверија на домашен терен ќе игра со Атлетико од Битола во меч каде гостинот од Битола ќе биде фаворит против струмичанки.
Александар Ванев, Струмица Сити