Во рамки на 23. коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беласица забележа убедлива победа од 1:3 над Новаци во гостински терен.
Струмичката гордост стигна до својата осма сезона победа и сега се наоѓа на осмото место со 30 бодови на своето конто и со реална можност да се освојува и шестото место за што подобар пласман на крајот од сезоната.
Што се однесува до самиот натпревар, првиот дел заврши со чисти мрежи (0:0). Во вториот дел Костадин Капсаров во 47. минута погоди за водство на Беласица од 0:1. Јоцо Ѓорговски во 67. минута беше прецизен за 1:1. Само три минути беа потребни за Беласица да има ново водство, овој пат Александар Коцев погоди за 1:2. Во 79. минута Димче Јовов постигна гол за конечните 1:3.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Каменица Саса.
Александар Ванев, Струмица Сити