Во рамки на 5. коло од плеј-аутот во Првата ракометна лига дербито се одигра во Струмица кое заврши без победник 30:30, реми на Астраион и Овче Поле и поделба на бодовите.
Израмнет натпревар во текот сите 60 минути, а на полувреме резултат беше 15:16 во корист на гостинот од Свети Николе. Со по девет погодоци Дарко Катранџиев и Наков Васе беа најдобри кај Астраион, а кај гостинот најдобри со по седум погодоци беа Кристијан Коцевски и Стојанче Ристов.
Овче Поле останува на врвот од табелата со 13 бодови, втор е Текстилец со 11 бодови, а Астарион е на третото место со 10 бодови. Во следното коло Астраион ќе гостува кај Кичево.
Александар Ванев, Струмица Сити