
Овој викенд во рамки на 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток екипата на Тиверија со убедливи 6:0 го распарчи Карбинци, кој беше инфериорен противник и немаше сили и можност да парира на струмичани.
Јани Јаков беше двоен стрелец, а по еден гол за Тиверија постигнаа Трајче Димитриев, Димче Митров, Ване Новков и Никола Трајков.
Во следното коло Тиверија ќе биде слободна, а потоа во рамки на 15. коло ќе игра со Малеш во Берово. Со 19 бодови на своето конто Тиверија е на 5. место.
Александар Ванев, Струмица Сити