Брера Струмица со триумфот над Работнички прогресира на табелата во Прва лига!

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Прволигашот Брера Струмица забележа важна и голема победа над Работнички од 2:1 во рамки на 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Брера сега е на седмото место со 30 бодови на своето конто, а Работнички е на делба на осмото место со 27 бодови и е во длабока резултатска криза, а тоа резултираше со тренерска промена.

Брера на овој меч преку пресврт славеше над Работнички на „Кукуш“ во Турново. Атдхе обезбеди водство за Работнички, а потоа струмичани преку Стамениќ и Олаосебикан стигна до победа од 2:1.

Во следното коло Брера ќе игра прогив Тиквеш во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет

Comments are closed.