Денес се играат натпреварите од 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, а екипата на Тиверија на Општинското фудбалско игралиште со вештачка трева ќе игра против Карбинци, екипа која е во долниот дел од табелата и која се бори за опстанок.
На овој натпревар екипата на Тиверија ќе биде голем фаворит за трите бодови, а со тоа и да го запише шестиот сезонски триумф. Пред почетокот на денешното 13. коло, екипата на Тиверија е на 5. место со 16 бодови, а со триумф може да се искачи и до третото место на табелата.
Карбинци е на претпоследното место на табелата со осум бодови на своето конто, а во Струмица доаѓа по триумф со цел да опстане во лигата.
Натпреварот ќе започне во 15 часот, а главен судија ќе биде Блаже Петкоски од Миравци.
Александар Ванев, М-Нет