Денес во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се соочат Брера Струмица и Работнички, меч кој ќе се одигра на „Кукуш“ во Турново.
Овој натпревар е од капитална важност и за двете екипи во обидот за прогрес на табелата, но и обезбедувањето на опстанокот во фудбалската „елита“ на Македонија.
Ова ќе биде дерби од средишниот дел на табелата, Брера е седма на табелата со 27 бодови на своето конто, а пак Работнички е осми со исто толку бодови.
Главен судија на мечот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Давор Цветаноски, исто така од Кичево, а четврт судија ќе биде Фуркан Идризи од Тетово.
Александар Ванев, Струмица Сити