Екипата на Беласица вчера на „Билјанини Извори“ преку пресврт беше поразена од Охрид со резултат од 2:1, во рамки на 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Струмичани го впишаа својот деветти сезонски пораз, откако на „Билјанини Извори“ први дојдоа до предност со голот на Никола Талески уште во 5. минута од мечот, меѓутоа во вториот дел новото засилување на охриѓани Дамјан Масевски со два брзи гола во 76. и 79. минута погоди за комплетен пресврт за конечни 2:1.
Беласица останува на деветтото место со 27 бодови на своето конто, а во следното коло струмичката гордост одново ќе гостува овој пат кај екипата на Новаци.
Александар Ванев, Струмица Сити