Струмица од петокот го прошири семејството на збратимени градови за уште еден прекрасен град – Лесковац од Србија.

“Почитувајќи ја досегашната соработка, а водени од желбата за зајакнување на пријателските односи меѓу граѓанките и граѓаните на Струмица и Лесковац, со мојот колега, градоначалникот на Лесковац Горан Цветановиќ, денеска потпишавме Меморандум за збратимување.

Како градови економски лидери во своите земји, имаме потенцијали и можности за соработка во сите области и на најдобар начин ќе го искористиме.
Нека ни е со среќа збратимувањето, да ни биде вечна и успешна соработката и да носи благодет за граѓанките и граѓаните на Струмица и Лесковац.” -изјави Костадинов.