Струмица ќе биде домаќин на меѓународниот музички фестивал „Ритамот на Европа“ на кој ќе настапат талентирани млади луѓе од Србија, Република Српска, Црна Гора и Македонија, а пренесуван на телевизии од земјите учеснички.

Градоначалникот Костадинов денеска имаше средба со организаторите на фестивалот коишто го информираа дека се е подготвено за огромна музичка манифестација.
Со овој фестивал Струмица влезе во групата на домаќини од 75 градови во регионот и 4 надвор од него.

Се гледаме на „Ритамот на Европа“ во 12 часот во Центарот за култура „Антон Панов“.