
Фудбалерите на Беласица забележаа важна победа во Тетово над Тетекс во рамки на 18. коло од Втората македонска фудбалска лига, откако струмичани преку пресврт од 1:2 стигнаа до голем триумф во борбата за сигурен и директен опстанок.
Тетекс во 49. минута преку Марко Софијаноски прв дојде до водство од 1:0, а потоа Беласица преку Александар Коцев во 69. минута стигна до 1:1, додека пак Младен Љумовиќ постигна гол за комплетен пресврт и триумф од 1:2 над Тетекс.
Веќе утре Беласица на домашен терен ќе игра против Башкими од Куманово, во вонредно 19. коло.
Александар Ванев, М-Нет