Вчера во Домот на АРМ, во присуство на градоначалникот Костадин Костадинов и претставници на повеќе институции, се одржа 16 редовна работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица.
![](https://www.strumicacity.com/wp-content/uploads/april/2024/02/image-20-1300x868.png)
Главна тема на конференцијата беше аерозагадувањето во нашата општина, за која присутните поведоа дискусии за различните аспекти на овој горлив проблем, а на дневен ред беше и известувањето за формирање координативно тело за аерозагадувањето, кое до крајот на оваа работна седмица ќе ги има и своите први активности.
![](https://www.strumicacity.com/wp-content/uploads/april/2024/02/image-21-1300x868.png)
И денешната конференција покажа дека Локалниот совет за превенција во општина Струмица е тело кое грижливо работи за превенирање и успешно изнаоѓање решенија за постоечките проблеми со кои се соочува општината и нејзините граѓани.
![](https://www.strumicacity.com/wp-content/uploads/april/2024/02/image-22-1300x868.png)