
Брера Струмица на „Кукуш“ во Турново со убедливи 3:0 го декласираше составот на Македонија ЃП, со што „лавовите“ сега ќе се на дното од табелата, меч од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Матеј Цветаноски по само четири минути игра постигна гол за рано водство на струмичани од 1:0. По осум минути игра Даниел Миловановиќ погоди за 2:0. Пред крајот на првиот дел Ѓорѓе Ивковиќ беше стрелец на третиот гол за Брера и за конечни 3:0.
Во вториот дел само на рутина одигра Брера и запиша важен триумф со што направи прогрес на табелата. На стартот од второто полувреме Стефан Наумчески заработи директен црвен картон.
Брера Струмица сега е на 5. место на табелата со 26 бодови, колку што има и Гостивар кој е шест, а токму во следното коло, овие две екипи ќе играат меѓусебен дуел во Гостивар.
Александар Ванев, Струмица Сити