ФК Академија Нови Таленти со две генерации во четвртфинале на „Вихрен куп 2024“ во Сандански, Бугарија

ФОТО: Вихрен Куп – Сандански

Пред една година беше формиран ФК Академија Нови Таленти, а веќе зема учество на големи меѓународни турнири каде се натпреваруваат звучни клубови.

ФК Академија Нови Таленти од Струмица во моментот учествува на „Вихрен Куп 2024“ во Сандански, Бугарија со две генерации.

Струмичани бележат големи успеси, генерација 2013 и генерација 2014 се пласираа во четвртфиналето на „Вихрен Куп 2024“.

Генерација 2013 во четвртфиналето ќе се соочи со екипата на Брегалница од Штип, а тоа ќе значи и дуел на две македонски екипи, додека пак генерација 2014 во четвртфиналето ќе игра против екипата на Козлодуј од Бугарија.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.