Прволигашот Брера Струмица за пролетната полусезона се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20-годишниот Роџер Мато од Уганда, кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор.
Новото засилување на струмичани е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап, а притоа забележал и три погодоци.
Мато е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. Со оваа засилување се затвара трансфер пазарот во Струмица. Пролетната полусезона Брера ја отвара против Силекс во Кратово.
Александар Ванев, Струмица Сити