Второлигашот Беласица вчера одигра пријателски натпревар против екипата на Дубочица кој заврши без победник, но и без погодоци, пријателско реми од 0:0.
Пред струмичкиот второлигаш е уште еден пријателски натпревар пред почетокот на пролетната полусезона. Беласица во сабота ќе одигра ја одигра „генералката“ против бугарски Септември Симитли.
Вториот тим на Беласица составен од младинци и кадети ќе одигра пријателски натпревар исто така во сабота против третолигашот Слога во Виница.
Пролетната полусезона во ВМФЛ екипата на Беласица ја отвара против Пелистер во Битола.
Александар Ванев, Струмица Сити