За околу еден месец треба да започне пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток. Екипата на Тиверија есенскиот дел го заврши на 5. место со девет бодови на своето конто со скор од три победи и пет порази.
Во пролетниот дел струмичкиот третолигаш ќе води борба за што подобар пласман на третолигашката табела. Реална е опцијата Тиверија да заврши на 4. место на табелата, а борбата за опстанок ќе биде навистина голема.
Во однос на табелата во Трета лига – Исток и борбата за Тиверија во пролетната полусезона за што подобар пласман можете да погледнете и во анализата на спортскиот новинар Александар Ванев.
Тиверија веќе на стартот на пролетниот дел ќе биде на сериозен испит против есенскиот шампион Вардарски од Богданци. Натпреварот ќе биде важен и за двете екипи. Во Струмица бодови тешко се освојуваат, Тиверија ќе игра за трите бодови со цел да може да се пробива во топ 4 на табелата, а пак Вардарски во Струмица ќе има тешка задача да ја оправда фаворитската улога на патот кон баражот за Втора лига.
Александар Ванев, Струмица Сити