Беласица ги промовираше Глигоров и Милошевиќ како нови засилувања

Второлигашот Беласица од Струмица промовираше нови две засилувања за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

Васко Глигоров кој е роден 2003 година е поливалентен играч кој може да покрива повеќе позиции во тимот. Тој е повратник во Беласица и е огромно освежување за тимот предводен од Александар Стојанов, а доаѓа како слободен играч од екипата на Брера.

Лазар Милошевиќ е фудбалер роден 2005 година, перспективен играч од одбраната, игра како централен стопер, а доаѓа исто така како слободен играч од екипата на Брера.

Веќе утре Беласица ќе одигра нов пријателски натпревар против Кожуф во Гевгелија.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.