Тиверија со победа над Ударник го затвори есенскиот дел – ќе презими на 5. место

Во неделата беа одиграни натпреварите од 9. коло со што се затвори есенскиот дел од Третата македонска фудбалска лига – Исток. Тиверија во последното есенско коло со 2:3 славеше над Ударник во Пирава и со тоа ја забележа третата сезонска победа.

Тиверија ќе презими на 5. место на табелата со девет бодови на своето конто, откако на стартот од сезоната забележа лоши резултати.

Во првото пролетно коло Тиверија ќе гостува во Богданци каде ќе игра против непоразениот есенски шампион Вардарски.

АВТОР: Александар Ванев

Comments are closed.