
Утре со дербито меѓу Тиверија и Скопје ќе биде комплетирано 6. коло од Првата женска фудбалска лига. Натпревар важен и за двете екипи, особено за струмичанки кои доколку забележат триумф ќе имаат само бод негатива во однос на второто место и негатива од два бода во однос на првото место.
Тиверија сега е на 3. место со 22 бодови, а доколку го добие Скопје кој е на 4. место со 20 бодови, тогаш „тиверјанки“ ќе имаат 25 бодови.
Што се однесува до табелата на врвот е Каменица Саса со 27 бодови, а пак Љуботен е втор со 26 бодови. Императивот за трите бодови кај Тиверија е голем бидејќи ќе биде во сериозна трка за титулата во Првата женска фудбалска лига.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 14 часот на Оштинското фудбалско игралиште во Струмица, каде главен судија ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија.
АВТОР: Александар Ванев