Струмичка Беласица викендот во рамки на 12. коло од Втората македонска фудбалска лига забележа победа од 2:1 над екипата на Караорман од Струга.
Со овој шести сезонски триумф Беласица се проби на 4. место на табелата колку што има и Охрид кој е на 5. место. Беласица сега има негатива од 4 бодови во однос на третото место кое води во баражот за Прва лига, а шест бода негатива во однос на второто место кое директно води во Прва лига.
Следува репрезентативна пауза, а потоа Беласица ќе има незгодно гостување во Неготино кај Вардар во меч каде трите бодови се императив и за двете страни. Беласица ќе сака седма победа со што ќе направи сериозен притисок за местата кои водат во Прва лига, а пак Вардар Неготино сака три бода со цел да се одлепи од долниот дел на табелата и со тоа да има полесна пролет кога е во прашање директниот опстанок во Втора лига.
АВТОР: Александар Ванев