
Фудбалерите на Брера Струмица викендот со 2:1 беа подобри од шампионот Струга Трим Лум и конечно им се вратија на победите.
Брера излезе од резултатската криза што беше најважно во овој момент, а со новите три бодови на своето конто струмичани остануваат и понатаму на 5. место на табелата со 19 бодови со тоа што им се отвара можност за напаѓање на четвртото место.
Сега ќе следува репрезентативна пауза, а потоа Брера Струмица ќе има тешко и незгодно гостување во Кавадарци кај Тиквеш, со мотив плус за „одмазда“ поради елиминацијата на Брера токму од Тиквеш во Купот на Македонија во четвртфиналето преку пенали.
АВТОР: Александар Ванев