Во Струмица се одржа 10 дневна обука за велосипедски водич

Со велосипедската инфраструктура што ја има Струмица, велосипедизмот станува се популарен во нашиот град.

Како дел од процесот за унапредување на вело-културата во Струмица се одржа 10 дневна обука за велосипедски водич.

Вечерва присуствував на последнoто предавање од обуката и во период на транспарентното креирање на буџетот на Општината за 2024 година, со велосипедистите разговаравме за идните активности на општина Струмица од оваа област.

Им потврдив дека и во наредната година ќе продолжиме со изградба на градска велосипедска ифраструктура, но и со информативно-едукативни настани наменети за младите кои ќе имаат за цел зголемување на безбедноста на велосипедистите и другите учесници во сообраќајот. – изјави Костадинов

Comments are closed.