Со среќа нека ни е ново противпожарно возило и дрон со термална камера за рана детекција и превенирање на шумски пожари.
Ја модернизираме нашата Професионална противпожарна единица, затоа што нашите храбри и пожртвувани пожарникари заслужуваат да имаат квалитетна опрема во заштитата од пожари на нашите животи и материјални добра.
Ова се бенефитите од Европската Унија преку проектите во заедничка соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Вака се грижат одговорните градоначалници за службите и граѓаните.
Квалитетна опрема за мирен и спокоен живот на сите. – изјави Костадинов


