Тиверија и по четири одиграни кола во Трета лига – Исток никако да забележи позитивен резултат, вчера забележа нов висок катастрофален пораз од 4:1 од екипата на Карбинци во рамки на 4. коло.
Дерби на двете екипи кои се на долниот дел од табелата, дерби за прв сезонска победа и дерби за први бодови. Но, наместо дерби, Карбинци лесно стигна до прв триумф и први бодови откако со 4:1 ја совлада Тиверија на свој терен.
Карбинци на полувреме имаше предност од 2:0 со головите на Митев и Андонов. Во вториот дел Давитковски зголеми на 3:0, а пак Димитриев во 72. минута намали на 3:1. Во финишот на мечот Саше Соколов ги постави конечните 4:1.