
Беласица во рамки на 8. коло од Втората македонска фудбалска лига со 3:1 на “Кукуш” во Турново славеше над Новаци во меч каде домашниот тим одигра одлично и ги сочува трите бода.
Сулев, Дујовски и Коцев беа стрелци за домашниот тим, а пак Благој Стојчев беше единствен стрлец за гостинот.
Следува репрезентативна пауза, а потоа ќе гостува во Македонска Каменица каде ќе игра против екипата на Каменица Саса.