Ракометарите на Астраион денес играат против Младост од Богданци

Ракометарите на Астраион денес во рамки на 2. коло од Првата лига на домашен терен ќе се соочат со Младост од Богданци.

Двете екипи новата сезона ја отворија со победи, откако Астраион беше подобар од Преспа Вардар од Ресен со 26:21 на домашен терен, а пак Младост со убедливи 32:26 го декласираше штипски Текстилец, исто така на домашен терен.

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 18 часот, а судиска двојка ќе биде Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје, додека пак делегат на мечот ќе биде Владимир Саздовски од Скопје.

Comments are closed.