Струмичкиот третолигаш Тиверија не ја започна новата сезона во Трета лига – Исток според очекуваното, откако во првите две кола нанижа два високи порази. Тиверија во првото коло на домашен терен беше декласирана од фаворитот Вардарски од Богданци со 0:4, а потоа во Свети Николе загуби од Овче Поле со 3:1.
Денес пред Тиверија е нова шанса за прва сезонска радост и први сезонски бодови против екипата на Рудар од Пробиштип.
Во неизвесен меч каде трите бодови се силен императив и за двете страни ќе гледаме неизвесна борба за освојување на целиот „плен“.
Александар Ѓоргиевски од Делчево ќе биде главен судија на мечот во Струмица, кој ќе започне во 14 часот.