Екипата на Астраион новата сезона од Првата ракометна лига ја отвара против Преспа Вардар на домашен терен.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат 15 екипи поделени во две групи по осум и седум екипи. Астраион ќе биде во групата А, а тука ќе се натпреваруваат осум екипи. Покрај Астраион во оваа група ќе се натпреваруваат и Борец од Велес, Јехона од Гостивар, Драчево од Скопје, Младост од Богданци, штипски Текстилец, Шампион од Скопје и Преспа Вардар од Ресен.
Стартот на новата сезона е закажан за 23. и 24. септември.