Денес стартува новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток во која ќе се натпреваруваат девет екипи. Од струмичкиот регион оваа сезона ќе се натпреварува само Тиверија.
Во рамки на воведното прво коло Тиверија во Струмица ќе го пречека составот на Вардарски од Богданци. Тиверија важи за екипа која со години е стабилен третолигаш, а Вардарски кој по долги години минатата сезона се врати во Трета лига – Исток, за оваа сезона е квалитетно засилен и реорганизиран и не ги крие амбициите за висок пласман, а доколку се укаже можност ќе атакува и на првото место кое води во баражот за Втора лига.
Токму тоа и го прави денешниот натпревар да биде аткративен за следење, неизвесен со тактички надмудрувања.
Натпреварот ќе стартува во 15:30 часот.