Од струмичанец одземени 297 шверцувани штеки цигари

Во Струмица полицијата запрела возила во кое при проверка биле откриени 297 штеки цигари.

„Вчера, во 1.50 часот по полноќ, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(53) од село Иловица, струмичко. При преглед на патничко возило марка пежо, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Comments are closed.