ОФИЦИЈАЛНО: Васе Беќаров нов шеф на стручниот штаб на Беласица

Струмичкиот второлигаш Беласица го назначи Васе Беќаров за нов шеф на стручниот штаб. Струмичката гордост следната сезона ќе атакува на местата кои водат во Првата македонска фудбалска лига, а Беќаров ќе биде стратегот кој ќе ја води Беласица кон враќање во фудбалската „елита“ на Македонија.

Беќаров, кој ја поседува највисоката лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца, е тренер со долгогодишно искуство, како селектор на репрезентацијата на Македонија до 17 години, селектор на аматерската репрезентација на Македонија и шеф на стручниот штаб на гевгелиски Кожуф цели 6 години.

“Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како струмичка Беласица. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. Беласица заслужува прволигашски статус и ние заедно секојдневно ќе се бориме за тоа”, изјави Беќаров.

Беласица минатата сезона ја заврши на 10-тото место со 35 бодови на своето конто.

Comments are closed.